Skip to main content

Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје

Фрипик

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (01.04.2025) го лишија од слобода Б.Џ. (51) од Скопје затоа што денеска околу 11.40 часот на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје. Р.У. е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода, привремено му е одземено и возилото а против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести