Skip to main content

Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на основно училште во Богданци

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје.

Пријавените се сомничат дека сториле кривични дела – „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5 и кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“ предвидено и казниво по член 289 став 1 од КЗ на РСМ ( Г.Г. и И.Т.), „предизвикување опасност при градежни работи“ по член 289 став 3, а во врска со став 1 од КЗ (Правното лице од Скопје), како и кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 3 од КЗ (Љ.Т. и Л.Г.)

Имено првопријавениот Г.Г. на 14.12.2020 година, во својство на одговорно лице во третопријавеното правно лице и во својство на одговорно лице при проектирање на градежни работи, односно реконструкција на кров на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци и изработка на проект за реконструкција на кров, постапил спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, односно постапил спротивно на член 4 и член 4-а став 2 од Законот за градење и иако бил должен, не ја извршил својата должност, односно не обезбедил мислење за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата, со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, односно учениците и вработените во ООУ „Петар Мусев“ Богданци. Воедно, предизвикал штета на буџетот на РСМ (Министерство за образование и наука) во износ од 12.678.049.00 денари, како и на буџетот на општина Богданци во износ од 129.800 денари

Второпријавениот И.Т. на 14.12.2020 година, во својство на одговорно лице при проектирање на градежни работи, односно реконструкција на кровот на ООУ „Петар Мусев“ и изработка на проект за реконструкција на кров исто така постапил спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, односно постапил спротивно на член 4 и член 4-а став 2 од Законот за градење со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, односно учениците и вработените во ООУ “Петар Мусев“ Богданци, предизвикувајќи штета на буџетот на РСМ и на општината Богданци.

Четврто и петопријавените , пак Љ.Т. и Л.Г. во својство на одговорни лица при вршење на ревизија на основниот проект за реконструкција на ООУ „Петар Мусев“, очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности како овластни ревиденти и пропуштиле во ревидентскиот извештај да констатираат дека прво и второпријавените лица – проектанти, постапиле спротивно на член 4 од Законот за градење. Односно констатирале дека основниот проект е задоволително стручно изработен во согласност со важечките прописи и норми со што постапиле спротивно на член 21 став 2 од Законот за градење и овозможиле на пријавеното правно лице да се стекне со имотна корист во износ од околу 129.800 денари, а дополнително, било причинета штета на буџетот на РСМ во износ од 12.678.049.00 денари.

Инаку, СВР Струмица, односно ОВР Гевгелија продолжува со преземање на мерки и активности во врска со конкретниот случај за утврдување на евентуална инволвираност на други лице во истиот, односно за докажување на нивна одговорност, а се во насока на целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести