Skip to main content

Кривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На  20.04.2025 во негова нива во близина  на регионалниот пат Струга- Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.

Исто така, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(59) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.07.2025 обработувајќи нива во атарот на истото село, тој предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви, засадени со житни култури, како и на блиската депонија.

Поврзани вести