Skip to main content

Кривична за жител на Рача кој лажел дека е киднапиран

Жител на Рача ќе заработи кривична пријава за лажно пријавување на киднапирање. Неговиот брат вчера во охридаката полиција пријавил оти добил порака во која наводни киднапери бараат откуп за најблискиот роднина, кого полицијата подоцна го пронашла жив и здрав.

Вчера во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охидската населба Рача.

Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување, информира СВР Охрид.