
Кривично ќе се гони возач од Пробиштип кој не застанал на полициски „стоп“, па нападнал полицаец на должност.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П.(33) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“, информираа од МВР.
На 23.01.2026, пријавениот не почитувал наредба да застане со возилото кое го управувал, а откако бил запрен, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Македонски




