
Денеска во Кривичниот суд продолжува рочиштето на убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Според најавата за денеска е закажано испитување на сведоците на првообвинетиот Љупчо Палевски. Предвидени се тројца сведоци. Откако ќе бидат испитани овие сведоци ќе започне презентацијата на одбраната на сите обвинети.

Прв ќе сведочи Велибор Манев, потоа Боро Видески, Влатко Кешишов, таткото на Вања Александар, а последен ќе ја даде својата одбрана Палевски.