На снимките кои ги обезбедило Обвинителството од објекти на територијата на Визбегово на патот кон Горно Оризори се забележува движењето на „цитроенот“ и сега и на „рено кангу“.
Во „кангуто“ има едно лице, а три во „цитроенот“.
Во 7 и 49 од камерите се гледа како „кангуто“ оди напред, а „цитроенот“ позади него.
Во 7 и 55 часот од камерите во еден објект за стари возила повторно се гледаат двете возила.
На видео од село Визбегово на кое нема време кога е направено се забележува темен густ чад од местото каде што е запален „цитроенот“.
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се прикажуваат снимки од движењето на возилата со кои е извршено грабнувањето на 14-годишното девојче.