Skip to main content

ЈО: Михајлова не смееше да го напушта ни градот во кој живее

скриншот

На Ива Михајлова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша (македонски и бугарски) и ѝ била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице, соопшти државното Јавно обвинителство.

По бегството на Михајлова во Бугарија, која границата ја преминала нелегално, ЈОРСМ посочува дека надлежен  јавен обвинител ги презел сите чекори за обезбедување на ова лице и дека ризикот од бегство било меѓу клучните основи поради кои Обвинителството повеќе пати давало негативно мислење на барањето за враќање на патната исправа

На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 9.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), ѝ беше изречена забрана за преминување државна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице.  Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа, информира Јавното обвинителство. 

Од Министерството за внатрешни работи претходно соопштија дека по извршените проверки во системот за гранична контрола, утврдено е дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија и дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија.

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија укажува дека ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Михајлова е ќерка на осуден криминалец, исто така избеган од Македонија:

Поврзани вести