
Во јавноста како бомба одекна веста дека в Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, македонски дрзхавјанин кој речиси три децении се криеше од правдата. Според информациите од Грција, потврдени од македонското МВР, тој е уапсен на 26 мај 2025 година во грчкиот град Катерини.
Од МВР соопштија дека грчката полиција ги известила оти Боцевски е уапсен врз основа на меѓународна потерница расписшана уште на 30 јуни 1998 година. Боцевски е баран за издржување затворска казна во траење од 15 години за убиство.
Убиството за кое беше осуден Боцевски се случи во ноември 1997 година, среде бел ден во центарот на Скопје. На настанот му претходеше автомобилска бркотница во која, покрај Боцевски, учествуваше и убиениот, Сеат Ибраими, со возило „мерцедес“, додека „Циганот“ го следел со „корвета“. По кратката потера, Ибраими излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Во тој момент, Боцевски излегол од своето возило и го застрелал со повеќе истрелиод пиштол.
Иако осуден, Боцевски успеа да побегне од домашен притвор, по што исчезна без трага. Оттогаш тој се најде на листата со најдолго бараните лица од македонската полиција, а потерницата по него беше една од најстарите активни на веб-страницата на МВР.
Со неговото апсење, се отвора патот за екстрадиција во Македонија, каде што Боцевски треба да ја отслуже изречената казна.
Македонските власти изразија благодарност за успешната соработка со грчките колеги и очекуваат брза и ефикасна постапка за испорачување на Боцевски во земјата.