Skip to main content

Истрага против дилер на кокаин од Штип

Основното јавно обвинителство Штип донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 18 јануари осомничениот на другo лице му продал половина грам кокаин за 2500 денари. На 1 февруари бил извршен претрес во деловен објект каде престојувал осомничениот и полицијата таму пронашла 17 ќесички со кокаин со вкупна количина од 17 грама.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи оценил дека се исполнети законските основи.

Поврзани вести