Видео доказ на кое се гледа возило „рено кангу“ беше презентиран на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
На снимката се гледа како возилото на 27.11 2023 година во 5:33 часот пристигнува пред седиштето на партијата Десна, се задржува накратко и продолжува кон Автокоманда, а оттаму кон населбата Аеродром. Возилото е забележано и кај хотелот „Русија“ и низ населбата Лисиче.
Овој датум е особено важен бидејќи тој ден е грабната Вања Ѓорчевска.
На снимката не се гледа кој го управува возилото.
Овој автомобил на Десна им го оставил член на партијата кој заминал на Исланд, а најчесто го возел Палевски.