Skip to main content

Хаос во болницата во Тетово, пациент нападнал доктор, а тепал и полицајци

Пациент од тетовското село Челопек кој бил примен во тетовската Клиничка болница прво агресивно се однесувал кон персоналот а потоа го нападнал лекарот кој му укажувал помош. Потоа тој продолжил да се расправа и физички ги нападнал и полицајците кои биле повикани од болницата. Поради ова тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

„На 14.10.2025 во 16 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М. М. (28) од Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л. А. (31) од с. Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му даде лекарска помош. Исто така, по пристигнувањето на полициските службеници, М. М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници“, соопштуваат од СВР Тетово.

Поврзани вести