
Вчера околу 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и претходно учествувале во физички пресметка помеѓу повеќе малолетници.
Како што денеска соопшти МВР, при приведувањето, 15-годишникот нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.