Skip to main content
loHFc7wHCKg
Валентин Манасиевски

Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, местото каде функционирале убијците сега е кафич на другар на Апасиев

Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, рече на денешната прес-конференција .

Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица. Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле – Павилјон 36. Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела. Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица. Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани. Тоа што го лажеа сопственото членство со висок морал и скромност се испостави како најголема лага, вели Манасиевски.

Поврзани вести