Skip to main content

Фатен скопјанецот кој некни пукаше во друг маж во Бутел

Во средата полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. (36) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 23.12.2024 на ул. „Бутелска“ во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје. Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка, соопшти МВР.

Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Поврзани вести