Skip to main content

Експлозивна направа пронајдена во Карпош, на местото каде дрво падна врз жена

Екипи на Општина Карпош расчистуваат по невремето (фото: ФБ Општина Карпош)

Вчеравечер во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.

Поврзани вести