Skip to main content

Две лица полесно повредени по судир со Брза помош од приватна болница

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.

Поврзани вести