
Вчера во 10.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(61) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на М.Р.(26) од с.Чегране, гостиварско.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од полицијата.