Skip to main content

Денеска пресудата за убиствата на Вања и Панче: Што остана неразјаснето?

Во десет часот во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Случај кој ја потресе Македонија поради двојното убиство и поради тоа што како првообвинет во групата беше Љупчо Палевски-Палчо лик кој беше познат на политичката сцена како и во бизнисот пред дваесеттина години.

Судењето започна во ноември минатата година и дојде до крајот. Обвинетите очекувано се изјаснија за невини, додека обвинителките Жаклина Јосифовска и Ана Стојковиќ побараа доживотни казни, освен за Александар Ѓорчевски побараа соодветна казна. Токму казната за таткото на Вања која не е дефинирана е клучот за овој случај, односно од кого групата ја добила информација дека на 27.11 2023 година девојчето само ќе оди на учиилште. Доказ дека Александар и Палчо комуницирале не се понуди , освен признанието на останатите дадено во полиција по апсењето кое било под физичка изнуда, односно народски кажано ќотек. Дури и тој исказ тие подоцна го променија.

Но, останува фактот дека групата на Палчо била добро подготвена што можела да го организира грабнувањето и без логистичка поддршка од таткото Александар. Остана неодговорено и клучното прашање-дали целта била киднапирање на Вања или пак некоја жена на четирисеттина години која наводно живеела во истата зграда.

Вања Ѓорчевска

Она што обвиителството го докажа е движењето на „Цитроенот“ и Кангуто на денот кога девојчето на 27.11 пред две години. Велибор Манев потврди дека Палчо ја убил Вања со пиштол на кој ставил перниче кое потоа го фрлил во цитроенот кој го запалиле. Видевски негираше дека воопшто бил на местото, додека Кешишев тврдеше дека чувал стража понастрана и оти не го видел моментот на убиство туку само чул истрел.

Пиштолот

Оружјето со кое се извршени двете убиства остана енигма. Се знае само дека се убиени со пиштол со калибар од девет милиметри но не и од кое оружје, односно дали е тоа легално или од црниот пазар. Од обвинетите пиштол, и тоа легален поседувал Боре Видевски но тој не се сеќава“ каде го затурил. Дополнителен проблем е што од неговиот пиштол кога го купил не било направено пробно пукање па нема со што да се спореди.

Панче Жежовски

printskrin

И во неговиот случај има неколку нелогичности. Јасно е дека тој е колатерална штета и дека бил киднапиран за да му биде земен „крш“ „Цитроенот“ со кој подоцна требало да биде грабната жртвата во Скопје. Зошто наместо да стават во земуницата Палчо, барем според тврдењата на Велибор Манев го убил ќе треба да биде објаснето во пресудата.

И уште една нелогичност. Одбраната на Боре Видевски не ги обезбеди снимките од бензиската станица на Макпетрол во Велес се гледа Жежовски на денот на убиството околу пладне како полни бензин а во „цитроенот“ се гледа машко лице кое наликува на Видевски. Во обвинението е наведно дека Панче е убиен на 22.11 но околку девет часот утрината. Оваа снимка веќе беше пуштена од страна на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

Поврзани вести