Skip to main content

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една политичка партија дека наводно бил вршен притисок за како што велат случајот да биде забошотен во кој на 25.09.2025 едно лице беше лишено од слобода поради безобзирно возење. 

Вистината е дека Министерството за внатрешни работи вчера (26.09.2025) објави за случајот и објавата ви ја пренесуваме во целост:

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип,  констатирано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час. 

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи и во иднина со неселективно спроведување на законите и секој што го прекршува законот ќе одговара. Законот и правилата важат еднакво за сите граѓани.