Skip to main content

Четворица повредени во сообраќајка во тетовско

На 25.06.2025 во 21.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од регионалниот пат с.Јегуновце-с.Пршовце со регионалниот пат Тетово-с.Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотокултиватор „имт“, управуван од А.М.(67) од с.Пршовце, тетовско, патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, управувано од И.Д.(38) од Р.Косово и паркирано патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, информира СВР Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и С.Д., сопатник од патничкото возило „голф“, а со телесни повреди се здобиле И.Д. и неговата сопатничка М.Д., констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести