Skip to main content

Битолчанец тешко повреден откако автомобил излета од патот Битола-Прилеп

На 05.05.2025 во 18.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на магистрален пат Битола- Прилеп, во близина на надвозникот со с.Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Битола, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(61) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Поврзани вести