
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полициската станица Карпош. Во моментов ексминистерот од редовите на ДУИ се наоѓа во полициска станица.
Република објави дека дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку наврати била одбивана за таков тип на дозвола.