Skip to main content

Автобус на ЈСП целосно изгоре во близина на Арачиново

Во попладневните часови во селото Грушино, во близина на Арачиново, се случи сериозен инцидент кога автобус на ЈСП бил зафатен од оган и целосно изгорел, објави Пресс24.

Пожарот избувнал ненадејно, при што за кратко време огнените јазици го проголтале целото возило.

На местото на настанот брзо реагирале противпожарни екипи, кои со навремена интервенција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

@username80988 #vira #shkupi #skopje #dhezipahiri ♬ suara asli – milenia – 🅄🅻🄸🅽🄽🆄🄷🅰

Поврзани вести