
Александар Ѓорчевски на денешното рочиште за убиствата на неговата ќерка и Панче Жежовски ја објасни во улогата на кумашинот Гоце Трајковски во потрагата по Вања.
Тој вели дека се немале видено 23 години од неговата венчавка, на која му бил кум.
Не знаев какви контакти има во полиција и во „Сејф сити“. Почнав да добивам информации од него и тогаш увидов. За лицето од „Сејф сити “бевме замолени да не го издаваме идентитетот, рече Ѓорчевски.
За „цитроенот“
Како ви стана сомнително баш тоа возило кое испушта чад?, праша обвинителката.
Испративме многу „скриншотови“. Тоа возило имаше замаглени прозори, замрзната хауба, а и времето се совпаѓаше со исчезнувањето на Вања. Ако беа внесени табличките на цитроенот во системот „Сејф сити“ денеска ќе се расправаше само за убиството на велешанецот. Пропустот е на полицијата што не го барало ова возило. На една од камерите „цитроенот“ сомнително се движи кај Буњаковец, како да добива инструкции од некого. Подоцнешното палење нè наведе да немаме сомнеж дека е тоа возило, одговори обвинетиот.
За снимките на „Макпетрол“ во Велес
Откако Гоце дозна за кое лице се работи, преку свои роднини доби информации и се сомневаше дека тоа лице ја има киднапирано. Таа снимка ја видов и беше препратена кај инспекторот Музафер. На неа се гледа велешанецот и друго лице. Велешанецот рекол дека капачето од возилото му е скршено и оти сака да му наточат во туба, но вработените на бензиската одбиле, раскажува Александар.
Бев убеден дека Вања е киднапирана
Бев сигурен дека Вања не е на Водно, не е во станот во Капиштец, не е во Водно или во Тетово, сето она што инспекторите ни го наметнуваа, рече нејзиниот татко говорејќи за потрагата.