Skip to main content

21 тон марихуана запленети од „CBD Medplant“ – фирма со заевско-сдсмовска сенка

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните акции против нелегалната трговија и производство на марихуана. Утрово, во координирана и обемна полициска операција, од фирмата „CBD Medplant“ биле запленети дури 21 тон марихуана.

Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации до кои дојде редакцијата, реалната контрола над фирмата ја имал неговиот татко, Тони Коцев.

Коцев е познат во јавноста како поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село, а неговото име подолг период се поврзува со повеќе бизнис-активности. Дел од тие бизниси, според нашите сознанија, имаат блиски релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев.

Акцијата отвора сериозни прашања за злоупотреба на законските можности за производство на канабис, како и за можната политичка заштита и мрежи што стојат зад овој бизнис. Од МВР најавуваат продолжување на истрагата и целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести