Млад работник им подлегна на тешките повреди со кои се здоби работејќи на зграда во Гевгелија.
Како што соопшти МВР, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, кумановско, на 03.12. паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.