Skip to main content
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека се преговара со 15 компании

Во 2025 година се ова инвестиција од над 300 милиони евра

На денешното емитување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот објасни дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговара со 15 компании и дека се очекува огромна инвестиција од 350 до 360 милиони евра која ќе донесе извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае на бруто домашниот производ.

„Преговараме со 15 компании за следната година, очекувам една огромна инвестиција од отприлика 350, 360 милиони евра која што ќе ни донесе огромен извозен потенцијал со што ќе влијае позитивно врз бруто домашниот производ“, кажа Мицкоски.

Премиерот објасни дека оваа инвестиција се очекува следната година и ќе значи многу за македонската економија.

„Очекувам оваа инвестиција да ја заокружиме следната година инвестиција која што ќе биде навистина би рекол огромна за нас и ќе значи многу за македонската економија. Тоа е мој фокус и мораме да продолжиме да се фокусираме на тоа да создаваме производи со голема додадена вредност затоа што само на тој начин ќе ни расте економијата и второ голем дел од нашите македонски граѓани кои што се надвор од државата кои што изминативе години се иселија како да имам чувство дека дел од нив полека но сигурно се интересираат да се вратат или почнуваат да се враќаат и да си ја градат својата иднина тука бидејќи гледаат дека работите на подобро се менуваат. Се враќа надежта, тоа е доволно за мене дека успеавме да ја вратиме надежта кај луѓето“, изјави Мицкоски.

Поврзани вести