Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: По 7 години власт на СДСМ и ДУИ економијата се консолидира и заздравува

kevin-schneider-from-pixabay
kevin-schneider-from-pixabay

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека по 7 години власт на СДСМ и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува.

Од партијата додаваат дек економските развојни политики на владата вродуваат со плод.

Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви Март, намален е јавниот и државен долг.

Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ.

Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека овие податоци и индикатори се потврда за развојните политики што ги спроведува владата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветеноста на реализација на инвестиции кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, со што на долг рок дополнително ќе се намали нивото на долгот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести