
Утре 22.07.2025 година (вторник) во Владата со почеток во 10:30 часот ќе се одржи средба помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претставници на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“.
Дополнително по средбата во Свечената сала ќе се потпише Меморандум за разбирање помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на „Казанџи Холдинг АС“.
По завршување на настанот во Свечената сала, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на „Казанџи Холдинг АС“ ќе одржат прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.