Skip to main content

Славески: Девизните резерви се на стабилно и сигурно ниво

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека девизните резерви на земјата се на исклучително стабилно и сигурно ниво.

Како што истакнува Славески, тоа претставува силна основа за одржување на макроекономската стабилност.

Девизните резерви се повисоки за околу 50 отсто во однос на 2019 година и изнесуваат приближно 4,9 милијарди евра. Тоа е комотно ниво што гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции доколку се укаже потреба“, истакнува Славески.

Тој потсети дека за време на пандемијата дел од девизните резерви беа искористени преку интервенции на девизниот пазар, но во наредниот период тие беа целосно надоместени.

Славески посочи дека во моментов, девизните резерви обезбедуваат покриеност на увозот од 4,6 месеци, што е ниво над сите релевантни меѓународни стандарди и дополнително ја потврдува стабилноста на девизниот и финансискиот систем.

Поврзани вести