
Владините мерки и владината иницијатива за привлекување туристи носат резултати, а туризмот бележи раст од 40 отсто кај странските гости, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со досегашните резултати од туристичката сезона.
Мицкоски нагласи дека овој раст е забележан и од Светска банка во последното издание на „Tourism Watch“, односно во извештајот објавен во јуни.
Владините мерки и владината иницијатива за привлекување туристи носат резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавен во јуни 2026 година каде што ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40 отсто споредено со претходната година – рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека ова е големо признание и оти очекува сето ова да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од годината.
И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година – нагласи Мицкоски.

Македонски



