Skip to main content

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август зголемен за 3,4 проценти на годишно ниво

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 3,9  проценти во август 2025 година во однос на август 2024 година, објави Државниот завод за статистика. 

Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава во однос на август 2024 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,5  проценти, Капитални производи за 5,6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 14,6 проценти, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 проценти.

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на јули 2025 година, бележи опаѓање од 20,9 проценти, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 6,7 проценти. 

На домашниот пазар,  прометот  во индустријата, во август годинава во однос на август лани, бележи пораст од 3,4 проценти, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, опаѓање од 0,7  проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање од 5,8 проценти, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година,  пораст од 8,5 проценти.

Поврзани вести