Skip to main content

Програма за работа на Владата во 2025 година: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места

Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година. Во функција на нивна реализација е и Програмата за работа на Владата во 2025 година што беше донесена на последната седница.

Како што информира денеска владиниот портпарол Марија Митева, презентирајќи ја Програмата, економското заживување на државата е врвен приоритет.

Според Митева, одредена е динамика по месеци за реализација на Програмата, што е потврда за транспарентноста и предвидливоста на Владата.

Програмата има два дела, еден се однесува на акти и материјали по кои одлучува Собранието, а другиот се однесува на Владата.

Програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година, секој дизајниран да одговри на итните предизвици: обвновување на довербата во институциите, ефикасна борба против криминалот и корупцијата, како и владеење на правото. Програмата има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати, напомена владината портпаролка на прес-конференција .

Во првиот дел од Програмата има над 120 предлог-законски решенија меѓу кои се и Предлог-законот за управување со движења на предметите во судовите, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот спречување на корупција и судир на интереси, додека вториот, како што истакна Митева, има поширок опфат и се однесува на сите сегменти.

Околу 100-на активности во Програмата се однесуват на обврските од реформската агенда за 2024 – 2027 година и Планот за раст на Западен Балкан.

Нашата визија е јасна – држава во која системот функционира, просперитетна економија и Влада која работи за граѓаните и на која граѓаните и веруваат, потенцира Митева.

Поврзани вести