Пред десетина дена премиерот Христијан Мицкоски најави новогодишна потрошувачка кошничка, а денеска потенцираше дека истата започнува за два дена.
На мое големо задоволство, компаниите, трговците, производителите, дистрибутерите, бројката на производи ја зголемуваат и таа е 800, не е 600-тини. Сите тие ќе бидат означени за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат. Очекувам семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на овие производи – истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека оваа акција започнува за два дена.
Започнува од 15 декември, за два дена. Очекувам позитивни ефекти и очекувам да биде што побогата за празниците потрошувачката кошничка на граѓаните за помалку пари. Тоа е наша цел и тоа е наша задача како Влада да го овозможиме – рече Премиерот.