
Потпишавме договор за блиска соработка со државните Турски Железници, објави на Фејсбук, директорот на Македонски железници Инфраструктура, Синиша Ивановски.
Заедно со колегите од Македонски Железници Инфраструктура имавме работни средби со директорот на Турските Железници – Вејси Курт и неговите соработници.
Турските Железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото веќе се и сериозен регионален тренинг центар. Со потпишувањето на договорот дел од своите капацитети ги ставаат на располагање.
Размената на искуства и практики во наредниот период ќе бидат придобивка за нас, напиша Ивановски.

Македонски



