Skip to main content

Од последни во Европа до раст на БДП од 3,2 отсто

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната 34-та Годишна конференција на Унијата на млади сили го потенцираше растот на БДП и зголемениот број странски инвестиции во земјава.

Од минусно салдо по раст на БДП и последни во Европа за денеска со гордост да кажеме растот на БДП од 3.2 отсто и четвртата економија во Европа. Не е доволно, ќе работиме уште повеќе. Но факт е дека од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со рекордни 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што ја прави државата прва во Европа по странски инвестиции по глава на жител – рече Мицкоски.

Потоа додаде:

Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од  индустриското производство кое беше длабоко во минус денес изнесува 5.2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов.. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи и денес има одговорност и посветеност – рече Мицкоски.

Поврзани вести