Skip to main content

Од полноќ нови цени на горивата

Фрипик

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе новата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од полноќ горивата поскапуваат за 1,5 денари по литар.

Според најновата корекција, цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се следните:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 71,50 ден/лит
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 71,00 ден/лит
Зголемувањето на цените доаѓа како резултат на движењата на берзанските цени на нафтените деривати, како и промените на курсот на денарот во однос на доларот.

Ова е второ по ред поскапување во јули, со што дополнително се зголемуваат трошоците за транспорт и живот, особено во летната сезона кога потрошувачката на гориво е значително зголемена.

Поврзани вести