Skip to main content

Николовски: Електронската размена на податоци со Бугарија ќе даде нов импулс за Зелените ленти

„Зелените ленти“ овозможуваат непречен проток на стока и се клучни за зајакнување на конкурентноста на компаниите и за градење доверба меѓу соседите. Наша заедничка одговорност е добрите концепти да ги претвориме во целосно функционални системи во пракса, истакна директорот на Царинската управа Бобан Николовски во официјално обраќање на неформалниот состанок на генералните директори на царинските управи, организиран од Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел.

Меморандумoт за електронска размена на податоци со Бугарија што го потпишавме денеска во Брисел е доказ за нашата силна посветеност за подобрување на системот на функционирање на зелените ленти преку електронска размена на податоци уште пред стоката да пристигне на граница, нагласи Николовски, во денешното соопштение од Царинската управа.

На средбата генералните директори и директорите на Секретаријатот на ЦЕФТА и Транспортната заедница дискутираа за следните чекори во спроведувањето на меморандумите за разбирање кои беа потпишани во Брисел како дел од иницијативата „Зелени ленти“, како и за понатамошното проширување и продлабочување на иницијативата меѓу ЦЕФТА и Европската Унија на стратешко ниво.

Поврзани вести