Skip to main content

Николовски: Царинската управа активно и одговорно го трасира патот на државата кон европска интеграција, со силна поддршка од Европската Унија и партнерите од регионот

Денеска во Брисел, на највисоко ниво и во присуство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, со директорот на бугарската царина, Ѓеорги Димов, потпишавме Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци, напиша на својот фејсбук профил Бобан Николовски, директорот на Царинската управа.

Со овој чекор овозможуваме побрза и побезбедна легална трговија, поефикасно спречување на царински измами и директно ја зајакнуваме конкурентноста на македонската економија на пазарот на ЕУ.

Ова е јасен сигнал дека Царинската управа активно и одговорно го трасира патот на државата кон европска интеграција, со силна поддршка од Европската Унија и партнерите од регионот.

На највисоко ниво и во присуство на еврокомесарот за проширување Марта Кос, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија, Георги Димов, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува  електронска размена на податоци. Целта е забрзување на легалната трговија и спречување на обиди за царинска измама, со што директно ќе се придонесе за зајакнување на конкурентноста на македонската економија на пазарот во ЕУ.

Николовски вели дека со овој чекор Царинската управа јасно ги покажува силните заложби на институцијата за забрзување на интеграцијата на нашата држава во ЕУ.

„На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Од ЕУ имаме силна поддршка, за што доказ е и денешниот настан“, истакна Николовски од Брисел.

На потпишувањето беа присутни директорите на Царинските управи од земјите од Западен Балкан и ЕУ, како и директорите на ЦЕФТА и Транспортна заедниц

Поврзани вести