Skip to main content

Одлично се одвиваат подготовките за почеток на изградба на брзата пруга преку Договорот за партнерство со Обединетото Кралство

Одлично се одвиваат подготовките за почеток на изградба на брзата пруга преку Договорот за партнерство со Обединетото Кралство, истакна во гостувањето во “Само Интервју” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави почеток на работите на терен од есен годинава.

Одлично течат подготвителните работи, трасата е веќе избрана, сега се работат потребните геолошки истражувања, студии, се работат претпроектирања и проектирања и тоа е рокот од една година кој што лани го зададовме. Ќе бидеме во рамки на рокот, а тоа значи дека во текот на летото сето ова ќе биде завршено, после тоа ќе може да се потпише договорот со финансиерот, односно Банката и да почне она што за граѓаните е видливо, а тоа е работа на терен. Рокот останува ист, односно до крајот на 2031 година – рече Николоски.

Во однос на изградбата и реконструкцијата на болници во Штип, Тетово и Кичево, објекти кои се исто така опфатени со Договорот за партнерство со Обединетото Кралство, вицепремиерот истакна дека во овој дел Министерството за финансии веќе е во крајна фаза за избор на индикативна понуда за финансирање на истите.

Поврзани вести