
Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар– Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот целосно ќе ја реконструираме пругата, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за ТВ Сител.
Добивме грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Почнува во септември и по сите европски правила трае 18 месеци што значи дека ние за 18 месеци би ги имале студиите и после 18 месеци да ги објавиме тендерите. Некаде за две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години целосно да ја реконструирамe пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар – Кичево. Понатаму да се стави електрификација и да се стави модерни системи за сообраќај до 120 километри на час, истакна вицепремиерот.
Во однос на набавка на нови патнички возови тој додаде:
Владата донесе одлука за соработка меѓу МЖ Транспорт и ЕБРД со цел репарација на 11 постојани локомотиви, дел електрични, дел дизел и сите се за карго транспорт како и набавка на 2 нови локомотиви и со една флота од 13 локомотиви товарниот сообраќај го решаваме. Кога ќе стигнеме некаде пред две години пред завршување на пругите ќе започнеме и набавка на нови возови затоа што отприлика набавката трае шест месеци и добавувачеите бараат отприлка година дена да ги достават возовите и треба одреден период да се обучи кадар за новите возови, истакна вицепремиерот Николоски .