Skip to main content

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД за изградбата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Днвникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека токму оваа делница недостасува за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид, притоа додавајќи дека делницата и теренот е исклучително прдизвивачки за инженерите.

“Ние сега градиме автопат од Охрид до Кичево, а исто така се гради автопат и од Тетово преку Гостивар до Букојчани со што го решаваме превојот Стража. Тоа што недостасува е Букојчани до Кичево. Решивме да го градиме и да имаме целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга, секако и Кичево. Успеавме со ЕБРД да обезбедиме доста поволен кредит, процнетата вредност е 123 милиони евра, а тоа што ме радува е што обезбедивме 20 милион евра грант или подарок, што не е мала работа, тоа е 20 % од самиот пат. Во моментов имаме преткфалификација, очекувам пролет до лето да се избере изведувач и на крај на 2028 година кога ќе заврши делницата Тетово -Гостивар –Букојчани, да се заврши и делницата Кичево -Букојчани. Веќе следната година ќе биде готов од Охрид до Кичево и на тој начин ќе имаме целосно поврзување. Должината е околу 12 киометри, но теренот е исклучително тежок, предизвикувачки е за инженерите да се совлада, но се нафативме и ќе го решиме.”- истакна вицепрмиерот Николоски.

Тој најави деќа веке се прават законски измени кои следната недела веќе ќе се разгледуваат на владина седница а со кои ќе се олесни изградбата на втопатот Кичево-Охрид. Исто така истакна дека до пред почетокот на летната сезона ќе се пушти во сообраќај 40 километри од автопатот од потегот на Врбјани до Охрид, со мал пресек кај Ботун заради косини кои дополнително ќе се стабилизираат.

Поврзани вести