Skip to main content

Народна банка: Нето надворешниот долг на Македонија намален за 106 милиони евра во третиот квартал

Народната банка ги објави информациите за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција за крајот на третиот квартал од 2025 година.

На 30 септември 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4,494 милиони евра (или 27,1 отсто од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67 отсто“, се наведува во соопштението од Народната банка.

Во текот на третиот квартал од оваа година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) била намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7 отсто од проектираниот БДП за 2025 година.

Поврзани вести