Skip to main content

Мицкоски: Треба да има интервенции во минималната кошничка

Јас во месец јануари, простете, цигари не пушам, не испив лименка нескафе од 250 грама, не изедов ниту една цреша, не знам како изгледаат праски и кајсија, ниту пак диња и лубеница, ниту пак грозје, така што ценам дека тука треба да има интервенции и треба да има нешто пообјективно за да можеме врз основа на тие објективни параметри да водиме политика, вака сега не можеме.

Вака одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето од каде е потребата за измена во методологијата за пресметка на минималната синдикална кошничка.

-Нелогично е да имате цигари во минимална кошничка. За да не бидеме тие кои што не го надсихронизираат она кое што е работено од Синдикатот, а оценувано од двајца поранешни министри на СДСМ – Никола Поповски и Тевдоски, рековме ајде да вклучиме лица од сите области и сите заедно да ја формираме минималната потрошувачка кошничка. Цените да не бидат од еден од поекслузивните маркети, туку бидејќи е минимална, од тие кои што се со пониски и поскромни цени, да избереме средина и така да ја пресметуваме кошничката. Може ќе биде поголема, но, можеби и помала.

Поврзани вести