
Присуството на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Христијан Мицкоски го искористи и за работни средби со европски гиганти. Тој објави дека се сретнал со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“, како и со унгарската компанија „Фор-ај-џи“. Со „Шварц груп“ , премиерот информираше дека разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и за модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

Македонски



