Skip to main content

Мицкоски: Просветните работници од овој месец практично ќе добијат зголемување од седум проценти

Freepic

Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиуми изјави дека просветните работници од овој месец практично ќе добијат зголемување од седум проценти, што ќе се надодаде на она зголемување од пет проценти за октомври, односно исплатено ноември, минатата година.

Сумарно, за период помал од пет месеци, покачувањето ќе биде околу 12,35 проценти со тенденција, согласно договорот што го постигнавме со синдикатите, до крајот на мандатот на оваа влада, тоа покачување да дојде и до педесетина проценти. Сето ова се резултати на напорна работа на сите членови на Владата и јас за тоа им честитам и ги охрабрувам така да продолжиме со пријатни вести за граѓаните и да испраќаме позитивни пораки, рече премиерот.

Поврзани вести