
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање говореше за инфлацијата во земјава.
Оваа година очекувам да се стабилизираме, под три проценти да бидеме со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тред, односно опаѓање, споредено со минатата година. Лани во јануари имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме околу 3%, изјави Мицкоски по поставувањето на камен темелник на изградба на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае.
Премиерот посочи дека како Влада водат домаќински политики кои се во стандардот на граѓаните.
Така работевме до сега, во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднати институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација кога може да кажеме дека конечно сме консолидирани и сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква каква ја посакуваат сите граѓани, вели Мицкоски.

Македонски



