Премиерот Христијан Мицкоски очекува да завршат најмалку три големи инфарструктурни проекти.
Очекувам, завршување на најмалку три инфраструктурни проекти, и тоа многу скоро од денеска ќе биде маекедонската јавност известена. Многу добра работа што никој не ја примети а поминуваат деновите. А, тоа се, конечно се одблокираа две големи капоитални инвестици околу 100-тина милиони евра во делот на енергетиката и зелената енергија. Сончевиот пар во Битола и ветерниот парк во Богданци 2, нешто што не е направено 7 години. Морам да ви признам, посебно за ветерниот парк Богданци 2, како го оставивме како раководство во тогашното ЕЛЕМ, така го најдовме, само со малку повеќе прашина и сега повторно помина овие закони во Парламент. 100-тина милиони евра зелена енергија, а знаете од 01.01.2026 сите оние што ќе извезуваат во ЕУ ќе мора да имат потекло на електричната енергија што ја користат во својот произведен процес да е зелена, ако не е ќе плаќат даноци и тоа не обврзува планот за раст. Затоа е многу важно дека сето ова што го правиме на дневна основа одблокируваме процеси, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата.