Skip to main content

Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 – 3 отсто следната година

Фрипик

Премиерот Христијан Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино сведување на два до три проценти наредната година. Како што изјави денеска, првпат по многу месеци и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар што значи дека се намалуваат.

Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво. Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.

Треба да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички – за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство и за пензионери, зашто трошоците на овие категории граѓани не се сити

Премиерот информира и дека се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, како и дека се веќе покренати одредени постапки од инспекциските служби. мч/дма/

Поврзани вести